Утре (27.10.2021 г.среда), на големиот христијански празник посветен на преп. Параскева (Петка) Епиватска, во храмот „Св. Петка“ – нас. Точила ќе се богослужи Света Архиерејска Божествена Литургија со која ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар во сослужение на архиерејскиот намесник за град Прилеп, протоерејот Влатко Ристески и в.д. старешината на храмот, протоерејот Љупче Петрески и протоѓаконот Драган Ѓорѓиески.