Тинејџер од Грузија успеа да совлада 6 Рубикови коцки под вода со еден здив, поставувајќи нов Гинисов рекорд. Вако Маркилашвили бил затворен во стаклен аквариум една минута и 44 секунди.
Настанот се случил во петокот пред голем број присутни во аква паркот “Gino Paradise” во главниот град на Грузија, Тбилиси.
18-годишниот студент ги решавал Рубиковите коцки една по една и ги пуштал да испловат над него. После шесттата добил голем аплауз од присутните.
Претходниот рекорд го држеше Антони Брукс кој успеа да го изведе истиот подвиг, но со 5 Рубикови коцки во 2014 година.
Грузиецот Маркилашвили вежбал цели 6 месеци за да успее во неговиот предизвик и верува дека неговиот рекорд ќе се задржи долго време.