(ВИДЕО) “Ќе го унапредувале спортот, а заборавија да ги регистрираат играчитена РК “Прилеп”? Скандал што го нема во историјата?”

Фото/24 Ракомет

Минатата недела стартуваше Суперлигашката ракометна сезона во Македонија. Прилепчани во првото коло гостуваа кај новиот прволигаш екипата на “Бутел” и загубија со огромни 31:18 (20:5 на полувремето).

Поради немање лиценци за настап на овој натпревар, РК Прилеп остана со 8 ракометари, а останатите натпреварот го проследија од трибините, нешто што досега му се нема случено на клубот, па од таму и овој срамен пораз од бутелчани – објави порталот “24 Ракомет”.

Се чини дека на новото раководство од клубот побитен им е партискиот ангажман и заложбата за успех на референдумот за промена на државното име, отколку резултатите на клубот?!

Екс репрезентативецот Макалоски, во друштво со сегашниот тренер на РК Прилеп, Пеце Вељаноски и Димитар Богдан, вчера преку прес конференција повика да се гласа за промена на државното име на 30-ти септември.

На таков начин ќе го бидело и спортот во Прилеп и ќе стигнеле и спортските резултати….




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.