(Видео) Црква стара 500 години излезе на површина: Кога реката ќе се повлече се откриваат многу тајни

Црква од 16 век, потoпeнa во 1962 година, повторно излезе на површина поради сушата.

За речиси 6 децении под вода, доминиканската црква се појави 4 пати кога нивото на водата се намалуваше, а последен пат тоа се случи во 2017 година кога можеше да се види во целосна големина.

Католичката црква е изградена во 16 век како би се ширело христијанството во регионот, а потопена е заедно со целиот град Галапа ел Виехо како би се изградила браната Бенито Хуарез во 1962 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.