Тим на нуркачи на дното од Балтичко море пронашле 900 шишиња со француски коњак, наменети за последниот руски цар. Шишињата се наоѓале на транспортен брод потопен од страна на германска подморница во 1917 година.
Итригантната приказна започнала во мај 1917 година кога шведскиот брод “Кирос” испловил за Петроград, носејќи 50 сандаци со француски коњак и уште 15 со ликер. Примателот на “пратката” бил царот Николај Втори, кој абдицирал од престолот по два месеци.
Русија и понатаму формално била во вojна со Германското царство, па пратката од Франција на бродот кој и припаѓал на неутралната Шведска, никогаш не стигнала на својата дестинација.
Додека поминувал покрај островот Аланд во Балтикот, го пресретнала германската подморница “UC-58”.
Според вoeниот закон, Германците го обвиниле персоналот од бродот за kpиумчарење на нелегален производ и ги нателаре да се префрлат во друг брод, но пред тоа да го потопат својот. 900 шишиња со најдобар и најквалитетен француски пијалок, завршиле на дното од морето.
Пред 20 години остатоците од бродот беа пронајдени, но во тој момент беше премногу опacно да се нурка и да се извадат некои предмети од бродот. Сега, сепак, тимот на шведски и исландски нуркачи одлучи да се обиде и поглднете што се случи: