(Видео) Туристи казнети да прават по 50 склекови затоа што не носеле заштитни маски

Група на туристи кои не носеле заштитни маски во Бали, Индонезија, биле казнети од полицијата да направат 50 склекови. Полицајците сметаат дека со оваа казна ќе ги натераат туристите да ги почитуваат здравствените протоколи.

Како што пренесува “Инсајдер”, туристите кои воопшто не носеле маска биле приморани да направат по 50 склекови, а оние кои половично ја носеле, односно под носот, тие морало да прават по 15 склекови.

“Странските туристи речиси и да не ги почитуваат здравствените протоколи”, вели началникот на полицијата.

“Најпрво тие велат дека не знаеле за мерките, а потоа велат дека ги заборавиле маските”, додава тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.