На островот Спитсберген, кој е 290 километри оддалечен од Северниот пол и кој се наоѓа на најзападниот дел на архипелагот Свалбард, се наоѓа единствен објект со голем сигурносен систем.
Норвешка го финансираше овој проект, кој го предложи американскиот научник Кери Фовлер, а би требало да служи како модерна верзија на Ноевата арка доколку дојде “судниот ден”. Во овој момент австралиските медиуми снимаат документарен филм на островот.