Фудбалерот на Олимпија и долгогодишниот напаѓач на репрезентацијата на Хондурас, Џери Бенгстон (33), сите утакмици од почетокот на сезоната ги игра со заштитна маска.
Бенгстон со маска играше и на реванжот во 1/4 финалето на КОНКАКАФ Лигата на шампиони против Монтреал. Гостите од Канада победија со резултат 1:0, но екипата од Хондурас продолжи понатаму поради подобриот резулат во првиот меч.
Неговата одлука не му смета ниту на соиграчите, ниту на тренерот Педро Троља.