Новоизбраниот конгресмен и поранешниот лекар во Белата куќа, др. Рони Џексон (R-TKS) зборуваше за сомнителната здравствена сага која се поврзува со поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден.
Минатата недела беше објавено дека Бајден го повpeдил стапалото додека си играл со неговото куче. Поради тоа Бајден оваа недела беше виден како во јавноста носи заштитна лонгета.
“Очигледно е дека секој може да падне. И самиот го ckpшив зглобот за време на кампањата… но овде проблемот е што: и понатаму тврдам дека нешто се случува со здравјето на Џо Бајден. За тоа говори и фактот дека неговиот изглед за време на кампањата беше променлив”, вели Џексон.
“Има добри денови, има и лоши денови”, продолжи Џексон. “Мислам дека во овој момент станува збор за преоден период каде се развиваат некои рани когнитивни проблеми, кои веројатно се поврзани со годините, па сметам дека нема да биде добро врховниот командант да биде во таа ситуација”.