Во јужниот и југозападниот дел на Берлин денеска е во тек голема потрага по диво животно, најверојатно лавица, соопштија локалните власти, апелирајќи до жителите во областа да не ги напуштаат своите домови.
– Дивото животно може да биде лавица – објави берлинската полиција на Твитер и додаде дека предупредувањето се однесува на јужниот и југозападниот дел на главниот град на Германија и неговата периферија.
– Околу полноќ добивме порака од двајца минувачи кои виделе диво животно како брка друго – соопшти полицијата.
BREAKING ? Big cat, reportedly a lioness, is on the loose outside Berlin, Germany. Police urge residents to stay indoor pic.twitter.com/499ZYTXShw
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) July 20, 2023