(Видео) Неверојатни информации се појавија во јавност: ФБИ го уапси професорот кој го направил коронавирусот и го продал во Кина

Професор на универзитетот Харвард, Чарлс Либер (60) и еден Кинез се уапсени во Америка, а ФБИ објави дека тие го продале коронавирусот на кинеската држава трагаат по уште еден Кинез.

– САД штотуку открија дека имаат човек што го направил и продал коронавирусот на Кина. Д-р Либер, раководител на одделот за хемија и биологија на универзитетот Харвард е уапсен – објавија директори на ФБИ во изјава за нацијата.

Обвинителите велат дека Либер има договор со Институтот за технологија Вухан. Тој исто така водеше група која имаше договори со Министерството за одбрана и националниот институт за здравство. Федералните агенти рекоа дека Либер лажел за неговите врски со Кина кога давал изјави за тие договори.

„Се чини дека Кина му платила на Либер стотици илјади долари во текот на годините за вмешаност во кинески експерименти и истражувачка работа“, рече генералниот јавен обвинител на Масачусетс, Ендру Лелинг.

Либер беше уапсен во неговата канцеларија на универзитетот Харвард, а потоа беше ставен на административен одмор. Тој нема да може да учествува во наставни или истражувачки работи, соопшти универзитетот.

Уште едно обвинение е поднесено против кинески државјанин, кој работел како истражувач на универзитетот во Бостон. Лелинг рече дека Џангинг Ји е потполковник на кинеската армија, но тоа не беше откриено кога бараше американска виза. Тој во моментов е во Кина и не е уапсен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.