Предвечерие на 8ми септември. Кога се би било нормално ќе си ја честитавме независноста на нашата татковина, сигурен сум дека еден ден повторно ќе ја славиме. Вечна ќе бидеш Македонијо затоа што кај што тонеш ти извираш, напиша оперскиот пејач Игор Дурловски на својот Фејсбук профил, споделувајќи ја прекрасната преработка за песната “Заветна” која ја исполнува заедно со пејачката Андријана Јаневска.
-Нека ни е честит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија!, напиша Јаневска.