(Видео) Морничаво претскажување! Она од што се плашеше на крајот му пресуди: Шабан и раскажа на водителката, а 3 години подоцна се случи токму тоа

Покојниот пејач во 2016 година зборуваше за проблемот поради кој имал хирушка интервенција.

“Јас не знаев дека таа стомачна аорта не боли. Случајно го открив тоа, односно мојата лекарка која работи во Брза помош го откри. Таа случајно, кога си дојдов од свирка од Париз, ми рече дека има нешто сумливо. Јас дојдов да ме подхраниш, да ми дадеш инфузија, и реков. Но таа сакаше да ме прегледа. Ме одведе кај друг лекар, на кого стомачната аорта му беше сомнителна. Мојата куќна пријателка и лекарка Бранка ми помага многу, секогаш ме вади кога се однесува за здравјето. Целата процедура ја завршува со чашка”, рече Шабан и додаде:

“Видоа луѓето дека тоа не е добро, преноќив в болница, а лекарот требаше да ме оперира. Се ми направија, крв ми земаа 7 пати. Не им дадов осмиот пат, им реков дека се “дракули””, се пошегува пејачот.

“Човекот дојде другиот ден и рече дека тоа не ниту блиску до операција. Јас бев среќен што си одам дома. По една година, стомачната аорта се зголеми, не дај боже може да пукне. Ако сте на операциона маса, нема шанси да преживеете. Имав среќа што не била премногу зголемена, па можеа да ме оперираат. Мојот зет Бата Мирковиќ ги најде сите живи во Италија кои го работат тоа. Ги најде најдобрите. Родениот син не би ми помогнал колку што тој ми помогна. Доаѓаше во болница и кога последната посета завршуваше тој заминуваше на спиење. Цело време беше присутен. Јас добив локална анестезија, ништо не почувствував, комуницирав со сите, а операцијата беше 100% успешна”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.