Митрополитот на Црногорска православна црква, Михајло Дедеиќ, денеска два пати удри постара жена, прво кога бабата му застана на пат, а потоа и кога поминуваше покрај неа.
Инцидентот се случи во пресрет на јавната дебата за нацрт-законот за верска слобода, кој денеска треба да се одржи во Котор.
На снимката се слушаат насобраните граѓани, кои со погрдни зборови го исраќаат митрополитот Михајло.