Последните две привремени болници во Вухан, епицентарот на епидемиjaта на кopoнавиpycoт во кинеската провинција Хубеј, беа затворени во вторникот. Тоа значело затворање на сите 16 привремени болници за заолените од коронавирусот во тој град.
Вкупно 49 пациенти изклегле од привремените болници во вторникот во околу 15:30 часот.
На социјалните мрежи се појави една снимка на која се гледа како лекарите го облежале моментот кога била затворена и последната привремена болница.
Тие стоеле на скали и додека камерата ги снимала еден по еден ги ваделе заштитните маски.
На лицата имале широки насмевки, а некои мавтале и на камерите. Ова видео го опколи светот и собра голем број позитивни коментари.