Денес започнуваат првите пробни летови на новиот меѓународен аеродром во Пекинг.
Аеродромот “морска ѕвезда” кој се наоѓа на 46 километри јужно од центарот на Пекинг, ќе биде најголемиот аеродром во светот. Се наоѓа на граница меѓу округот Дакинг и Лангфанг, град во провинцијата Хебеи и се простира на 700.000 квадратни метри.