Утрово на социјалните мрежи беа објавени видеа од Плетвар. Поради одрони и поплава сообраќајот на патот е целосно во прекин.
Според видеото на патот има огромна количина вода, а се предупредува граѓаните никако да не се обидуваат да возат по патниот правец.
За сега нема информации кога ќе биде расчистен патот и кога ќе се нормализира сообраќајот.
„Од 05:55 часот регионалниот пат Росоман- Прилеп, кај м.в.„Трите ленти“ е затворен за сообраќај поради одрон на патот“, информираат од АМСМ.
Засега не е познато кога и дали во текот на денот ќе се регулира сообраќајот на овој патен правец.