Драго Лечиќ од селото Жрванија веќе неколку децении се дружи со змииите, поточно успешно ги лови.
Кој има патики, стап и храброст може да се бави со ова, вели Драго.
„Кога ќе ги видам ги притискам со стапот близу до главата за да не ме гризне, потоа ја фаќам за глава, ја кревам и ставам во шише, кое го закачувам околу вратот и продолжувам понатаму“ објаснива Драго.
Понекогаш во текот на денот лови и по 10 змии поскок, но некогаш и ни една.
Првата змија ја уловил во шесто одделение, а досега само една го има каснато.
„Во Љубљана има „задруга“ каде се врши откуп и каде доаѓаат посебни сандаци со по 200 змии внатре, а може да се праќаат по пошта, од Белград се откупуваат змиите поскок кои не се помали од 40 сантиметри“ вели тој, а на тој начин заработил за книги за себе и за својот брат.