(Видео) Добил милиони на лотарија, а сега работи како рудар 7 дена во неделата: Ги потрошил сите пари, но сега тврди дека е посреќен

Шкотланѓанецот Мајкл Керол во 2002 година на лотарија добил 9.7 милиони фунти. Во меѓувреме своето богатство го потрошил и сега работи како рудар 7 дена во неделата.

Добитното ливче го купил за една фунта, а кратко по големата добивка ја напуштил работата и започнал да живее луксузно.

Сепак, тој тврди дека сега е посреќен. Како што вели, не жали што потрошил толку многу пари за краток временски период.

“Тоа беа најдобрите десет години во мојот живот. Не можам да го вратам времето. И денес живеам добро. Живеам слободно. Среќен сум, бидејќи чувствувам дека си го вратив животот назад”, вели Мајкл.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.