Многу луѓе се обиделе да го пресечат “проколнатиот” даб, но секирите и моторните пили не му можеле ништо.
Оук Хемок паркот во градот Порт Сент Луси во сојужната американска држава Флорида денес е омилено место за туристите, но стариот даб кој се наоѓа во паркот, крие морничава тајна.
На 8 јануари 1973 година, неколку години пред да настане Хамок паркот, на ова место “работел” серискиот убиец Џон Шефер. ТОј таму силувал и убил две тинејџерки, а нивните тела ги закопал под дрвото.
Шефер бил полицаец во Флорида. Иако ги признал само тие две убиства, се верува дека е одговорен за смртта на повеќе од 30 жени.
Четири години покасно, јануари 1977 година, двајца мажи пронашле два скелети, а покрај нив имало јаже со јамка. Од тој момент кружи приказната дека покрај стариот даб ритуали изведувала сатанистичка секта, а дека тоа наводно биле остатоци од нивниот состанок.