(Видео) Вучиќ излезе на говорница и почна да плаче

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на одбележувањето 20. години од бомбардирањето во Србија, одржа говор во Ниш и плачеше на говорницата.

– Не ни мислев дека ќе видам волку луѓе, јас многу пати сум бил во Ниш но не сум го доживеал ова. Тоа е доказ дека народот се променил и дека ќе градиме слобода и мир, истакна Вучиќ.

Додаде дека никој не одговарал за српските цивили и дека за некого тие биле само грешка.

– За нас не беа грешка, не смееме да ги заборавиме. 20 години по бомбардирањето иднината е наша должност, рече Вучиќ и се расплака.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.