(Видео) Вака се слави Божиќ во Витлеем, родниот град на Христос

Православните христијани денес го прославуваат еден од најголемите христијански празници, Христовото раѓање Божиќ.

Како и секоја година така и оваа сите погледи се вперени во Витлеем, градот во кој според Библијата е роден Исус Христос.

Божиќните церемонии се многу значајни за Витлеем, околу кој Израел подигна висок бетонски ѕид како би го оддвоил од Палестинците кои се наоѓаат на Западниот брег.

Божиќната литургија беше одржана синоѓа во црквата подигната на местото на Исусовото раѓање во присуство на палестински државници, а меѓу нив и палестинскиот претседател Махмуд Абас. Денес илјадници Палестинци и православни христијани од целиот свет се собраа на плштадот пред црквата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.