Пратеничката од СДСМ Виница, Славица Шуманска Митева, која жилаво го бранеше Законот за употреба на јазиците во Собранието, сега повикува за поддршка на референдумот за промена на државното име?!
Еве како пратеничката од СДСМ се бореше и аргументираше за Законот за употреба на јазиците:
“Сите се добитници со ваков Закон. Македонија ништо не губи, а многу добива со остварувањето на последното отворено прашање од Охридскиот Рамковен договор”, зборуваше тогаш пратеничката Славица Шуманска Митева.