Видео: Бомбата на капитенот Лазаров од десет метри, што по којзнае кој пат докажа што е Кире во ракометот

Македонија извонредно го почна натпреварот против големиот фаворит Шпанија во четвртото коло од Групата Б на Светското првенство во Германија и во Данска, но на крајот ни донесе пораз- 21:32, полувреме 12:13.

Овој неуспех значи дека денешната средба против Исланд ќе решава за нашиот конечен пласман на светскиот собир.

Гол што е вреден за одбележување од првиот дел е погодокот на капитенот Кире Лазаров, во 24 минута со играч помалку на теренот.

Погледнете ја бомбата од десетина метри.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.