Пред речиси две години, тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од говорница на митингот во Штип, за време на кампањата за парламентарните избори 2016 година, речиси во детали ги образложи чекорите на Зоран Заев, но и причината поради која тој е човекот, октроиран од странски центри на моќ со задача да го протурка замислениот план за преименување и поделба на Македоија на федрални единки, поточно кантони – објави “Инфомакс”.
Две години подоцна, планот полека но сигурно се одигрува, а народот ја губи можноста своето незадоволство да го канализира како политички став, имајќи во предвид дека најголемата политичка партија, воедно и опозициска ВМРО-ДПМНЕ е цел на визаниски игри, и како што проценува аналитичарот Арсим Зеколи, обиди за дезинтеграција на ВМРО-ДПМНЕ со веќе „добро видените УДБАшки методи са Бихаќке“.
„Да не кажеме после, што не кажавте, па не знаевме ние. Вие сте политичари требаше да ни ги отворите очите, не сме сите должни да следиме политика и се да следиме. Затоа го повторувам ова, бидејќи ако се направи грешка таа ќе биде кобна, нема враќање назад. Кога ќе се направи нешто од ваков карактер ќе се згреши и ќе се отиде во еден правец, нема поправање, нема каење. Нема ‘што не ми кажа, што не ме потсети што не ми рече’. Сега ви кажуваме да си знаете.“ – рече Груевски есента 2016. година во Штип.
Ваквото предупредување на Груевски наиде на нож кај тогаш опозициските медиуми, а денес про-владини. Ваквата изјава беше извадена од контекст, а граѓаните беа убедувани дека се она што го зборува Груевски било само во „главата на вмровците“. Две години подоцна, сведоци сме дека не во главата на вмровците, ами се она што го кажал тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ било всушност во главата на сдсмовците.
„Тиранската платформа“ беше само првиот чекор кон спроведување на т.н. сценарио кое Зоран Заев прифатил да го спроведе на барање на странските претсавници. Документ потпишан во Тирана, кој всушност во чекори ја објасни целосната политика која владата на СДСМ ќе треба да ја спроведува во својот мандат.
Од добрососедските договори со Бугарија и Грција, преку воведување на двојазичност и интеграција на терористите од УЧК, вклучително и ослободување на терористите од Диво Насеље и Монструм, платформата речиси во целост е исполнета. Остануваат уште точките за преименување, членство во НАТО и федерализација на државата.
„Се работи за Македонија. Внимавајте, се работи за Македонија. Се работи за иднината на нашата држава, на нашата заедничка татковина. Немојте после некој да каже, што не ни кажа. Бидејќи појасно од ова незнам како да ви кажам!“ – рече Груевски во Штип.
Но, какво фајде од тоа што Груевски го кажал пред две години?
Големо чаре, веќе е и доцна да се бара имајќи во предвид дека дел од процесите во кои е втурната Македонија се иреверзибилни. Веќе стекнатите права, како она со двојазичноста е право кое е речиси невозможно да се одземе, а секој пак кој ќе се противи завршува со кривична пријава. Вклучително и претседателот на државата Ѓорѓе Иванов.
Нема фајде ниту за потпишаниот договор за промена на Уставното име, бидејќи Грција од оваа позиција тешко, речиси и невозможно е да се надеваме дека ќе се откаже. Ова е добитна позиција на грчката држава за сите нивни аспирации низ годините. Од промена на името, до бришење на Македонската нација и македонизмот како идеја.
Она што треба да ни послужи како лекција е фактот што во овие клучни моменти за државата, машинеријата на СДСМ е спрегната и со последниот атом на својата енергија да го сврти вниманието од себе врз ВМРО-ДПМНЕ. Циркузот кој што во опзицијата го приредуваат неколкумина подинци, кои своето делување во партијата го искористиле за лично богатење и на штета на партијата, сега се зауздани од друг стопан, повторно со истата цел – вината да се префрли врз опозицијата.