“ВЕ ПРЕДУПРЕДИВ НА ОВА! A сега врзете се и гледајте што ќе следува! Банките и политичарите вината ќе ја стават на вирусот, а потоа…”

Како влеговме во ова казино, што ќе се случува следно и како да се заштитиме?

На овие прашања одговори даде Мичер Б. Гејерстин, британско-американки инвеститор, банкар и писател, а неговата анализа ја објави “Russia Today”.

Ви пренесуваме дел од неговата анализа.

“Турбуленциите на пазарот, откако започна приказната со Ковид-19, предизвикаа “флеш бек” во мојата глава, од една криза до друга во последниве 40 години. Сите се поклопуваат во оквирот на измамите и криминалните политики на Волстрит, а вирусот е последната капка која ја прелеа чашата.

Минатата недела разговарав со млад трговец на акции кој во моментов работи на Волстрит. Се сеќавам дека му реков:”Во мојата кариера на Волстрит, последен пат, се сеќавам имаше слини турбуленции пред 40 години. Сега повторно тоа ми се појави пред очите. Се чувствувам како елен кој се соочува со вклучени светла”.

“Всушност, нестабилноста која ја видовме од средината на февруари е без преседан. Во историјата ништо слично не се случило. По 12 години качување по скали, сега од висината на која сме се качиле турнати сме во отворот на ливтот, со поголема сила”.

“Минатата есен ги предупредив инвеститорите дека германската економија паѓа и дека е во рецесија или наскоро таму ќе се најде. Ги предупредив дека италијанскиот долг е голем проблем и дека останатите држави членки и остатокот на светот не се далеку зад Германија.

Сега можете да очекувате и да се продготвите за вистинска економска депресија. Банките, политичарите и владите вината ќе ја стават на Ковид-19 и така ќе се “исчистат” над 30 години фискален дефицит, лабави монетарни политики, измами и недостиг на регулаторна имплементација, за себе и било што или било кој друг”…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.