Кога во јавноста се појавија фотографиите од постариот глумец Луц Еберсдорф кој наводно ја доби својата прва улога во филмот Suspiria, јавноста била збунета. Многумина се посомневаа дека зад маската се крие Тилда Свинтон која глуми во истиот филм како “непознат глумец”.
Таа овие тврдења ги отфрлила, а многумина ѝ поверуваа, уверени дека не би можела толку добро да ја одглуми таа улога со оглед на тоа дека е жена и нема 80 години. Но, синоќа 57 годишната Тилда призна дека таа цело време го глумела Луц Еберсдорф, односно неговиот лик на докторот Џозеф Клемперера во Suspiria.
Признала дека со часови траело нејзиното трансформирање, при што ѝ бил ставен и пенис.
-Морам да признаам дека ја преземав улогата само поради забава. Како што би рекла мојата баба, а тоа е и мое мото, не се досадувај, одговори за Њујорк Тајмс на прашањето зошто се согласила да го глуми Луц.
Режисерот тврди дека било клучно Тилда да го глуми Луц, односно Џозеф, бидејќи целиот филм се занимава со женскиот идентитет.
Покрај Тилда, во филмот глумат и Дакота Џонсон и Клои Грејс Морец.