Најмладиот син на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, Луиџи Берлускони, се ожени долгогодишната девојка Федерика Фумагали во Милано.
Венчавката се случи на почетокот од овој месец, а сега се појавија фотографии од свадбената церемонија.
На фотографиите пред црквата во Милано го нема таткото на младоженецот, кој во септември соопшти дека е позитивен на Koвид-19. Пред свадбата тој ги чекаше резултатите од вториот тест (првиот беше негативен).
Како што пишува порталот “world today news.com”, за Берлускони да се појави на свечената вечера во Милано побарал таа да се одржи на отворено.