Вака вардарец прославува погодок и ги поздравува Комитите (Видео)

Вардар минимално со 0:1 попладнево му го нанесе првиот домашен пораз на Борец во Велес и забележа нови три бода во трката за титула со Шкендија.

Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Даниел Аврамовски во 33-та минута, кој погодокот го прослави на посебен начин поздравувајќи ги “Комитите” присутни на трибините.

Вардар сега на првата позиција има водство од 11 бода пред Шкендија, а тетовчани својот натпревар од 20-то коло го играат утре на гости во Кратово против Силекс.

Видео: “sportski.mk”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.