Важно соопштение за жителите на општина Прилеп: Преместени просториите на брзата помош

Почитувани граѓани, од денес 04.08 2022 год од 19 часот, итната медицинска помош која беше сместена во просториите на старата болница, ќе биде преместена во дел од одделението за ургентна медицина – информираат од прилепската болница “Борка Талески”.

Соопштението од болницата во целост го пренесуваме во продолжение:

Нашата цел како Раководство на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност е да обезбедиме подобри услови и за пациентите кои би биле поблиску до болничките одделенија кога ќе побараат помош, но и за здравствениот персонал кој непречено во подобри услови ќе ја обавува својата работа.

Итната медицинска помош има за цел да ги мобилизира животно загрозените пациенти и при повик на 194 да му укаже по потреба помош и имобилизација па да ги транспортира до болницата за нивно понатамошно лекување.

Службата работи и на терен и во своите простории. Исто така се грижи и за пациентите во време на викенд и празници кога матичните лекари не работат.

Покрај овој приоритет во работењето, итната помош со своите тимови составени од лекар,медицинска сестра и возач обавуваат и други задачи како покривање на јавни настани и сл.

Почитувани граѓани на Општина Прилеп и околината! Повикајте го бројот 194 и дозволете ние да се погрижиме кога вашето здравје е загрозено, или кога сте во можност сами обратете се во просториите од страната кај ургентното одделение, каде стручни екипи ќе извршат преглед, по потреба ќе направат одредена процедура за помош и ќе Ве упатат до соодветното одделение во болницата каде специјалистички тимови ќе го преземат понатамошното лекување!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.