Се известуваат родителите на децата кои оваа година ќе се запишуваат во прво одделение дека задолжителниот систематски преглед на видот, можат да го закажат преку МОЈ ТЕРМИН преку матичните лекари.
Систематските прегледи ќе се извршуваат во просториите на кабинетот за ОРТОПТИКА, кој се наоѓа до општата болница „Борка Талески“ – Прилеп, почнувајќи од 21.03.2022 год. Прегледите ќе се извршуваат исклучиво со УПАТ (со термин) од матичен лекар.
Се замолуваат родителите навремено да се пријават за систематските прегледи на нивните деца, за да не се создаде недостаток на термини во месеците Мај и Јуни – стои во известувањето кое го споделија директорите на основните училишта во Прилеп.