ВАЖНА ВЕСТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Познато кога ќе се исплати првата пензија во 2024 година

Македонските пензионери нема да добијат пензија на 1-ви јануари во 2024 година. Ова го соопштија од Министерството за труд и социјална политика. Причина за тоа е, неработниот ден по повод Новата година.

Од министерството ги известуваат сите пензионери дека пензиите ќе се исплатат на 2-ри јануари. Сите пензионери веќе на вториот ден од новата година ќе може да ги подигнат своите пензии од банкомат.

На 1-ви нема да работат ниту експозитурите на Банките.

Во 2023 година во дел од месеците Владата исплаќаше и порано пензии поради економската и ковид криза.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.