Брз колач со гриз и пекмез, неверојатно вкусен, а останува мек дури и по два дена (Видео)

Рецепт за брз колач од гриз и пекмез. Се’ се мери во шолја од 200 милилитри.

Состојки:

3 јајца, шолја шеќер, шолја гриз, шолја пекмез, шолја брашно, шолја масло, шолја млеко, 1 пециво, 1 ванилин шеќер

Подготовка:

Заматете ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер, додадете ги останатите состојки и промешајте (не ви е потребен миксер). Тепсијата намачкајте ја со масло и посипете со брашно па ставете го направеното тесто. Големината на тепсијата може да биде поголема или помала, во зависност која висина сакате да биде колачот. Исто така може по ваш избор, доколку дополнително ставите кајсија, ќе имате посветол колач и поинаков вкус. Можете да пробате и со домашен џем од јагоди.

Колачот печете го во загреана рерна на 200 степени околу 25 минути. Превкусен е кога се јаде топол, но останува мек дури и по два дена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.