Вечерва продолжуваат масовните граѓански маршови “За заедничка Македонија” во Прилеп.
Градските улици одново ќе ги исполнат реки луѓе, кои одново ќе го кренат гласот против тиранската платформа и рушењето на унитарноста на државата.
Вечерава со прилепчани ќе биде и Шенол Мемиш, претседателот на македонското-турско здружение “Мустафа Кемал – Ататурк” од Битола, кој заедно со браќата Турци ќе го предводи граѓанскиот марш од 18 часот пред споменикот “Прилепски бранители”.