БРАВО, хуман македонски народе! Досега собрани над 80.000 евра за лекување на ЛЕО!

Македонскиот народ по којзнае кој пат докажа дека е хуман. Македонија се крена на нозе да помогне за лекувањето на Леонид Индов, кој беше одбиен од државата да добие пари за лекување во странство.

До денес се собрани 80.000 евра како директна донација, а уште не е позната донираната сума преку телефонски повици. Заедно со тие пари, сумата собрана за Лео од неговите сонародници ќе биде многу поголема.

Сепак, акцијата не е запрена и можеме да продолжиме да донираме.

Една од големите акции ги организираа Панчо и Андреј од ДНК.

Токму Панчо ги откри најновите детали:

Собраните средства од хуманата лицитација заедно со Златната Бубамара, денес беа предадени на тетката на Лео. Господинот Кирче Митрески беше категоричен и не замоли “бубамарата” да стигне кај Лео, се со цел да го потсетува дека не е сам.

Досега само од донации (не се искалкулирани телефонските донации) се собрани околу 80.000 евра, и се надеваме дека со нив ќе ја затвориме сумата која е потребна за неговото лекување во Австрија.

Тука нема да застанеме, и заедно со сите вас ќе застанеме до Лео и неговата фамилија, со што ќе докажеме дека сме сплотени кога е најпотребно.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.