Богојавленската вода е света, посебна и лековита

Богојавление е христијански празник кој го слави откривањето на Богот Син отелотворен во Исус Христос. Во народот овој ден уште се вика и Водици или Водокрст. На овој ден се осветува вода за која се верува дека е лековита и чудотворна и се нарекува богојавленска водичка.

Се смета за света, посебна и лековита вода. Богојавленската водичка никогаш не се расипува. Нејзина особина е со години да остане свежа, вкусна и лековита.

Одамна се чува обичајот оваа водичка да се чува во посебен сад цела година, зошто помага за секоја болест и кога малите деца се плашат ноќе, но и кога на човек нагло ќе му се слоши или кога храната не му годин. Исто така се ја користат и болните кои не можат да ги поднесат болките, или при душевен немир и неможност да се соочи со проблемите – односно постојат многубројни прилики во животот и тешкотии кога богојавленската водичка со вера може да се употреби и навистина да користи.

На самиот ден Богојавление црквата дозволува со таа водичка да се попрскаат сите соби и ќошиња во домот и сите членови на семејството да ја пијат колку сакаат. Но во систе други денови од годината, со богојавленската водичка не смее ништо да се прска, освен да се пие поради болест. И здравите ако сакаат мораат денот кога постат, да пијат од таа вода наутро.

Во Македонија и ден денеска многумина ништо не јадат два дена од Големиот пост па третиот ја вкусуваат таа вода во знак на големата светија.

Секоја куќа на денот Богојавление кога свештеникот ја свети водата, треба да се земе во посебен сад и да се чува цела година.

Светата водичка, посебно онаа Богојавленска, може да се чува неограничено време. Колку долго да се чува, таа не ја губи својата осветителна благодет ниту е подложна на расипување.

Има во народот семејства кои богојавленската водичка ја чуваат и по триесет и повеќе години, со тоа што секоја година, од новата богојавленска водичка, кога ќе ја донесат од црква, помалку додаваат во шишето во кое ја чуваат старата Богојавленска водичка.

Доколку целото количество на богојавленската водичка не се потроши во текот на годината, остатокот, кога ќе стигне новата богојавленсак водичка се истура во бунар, во река или во цвеќе. Во секој случај таму каде што нема да се изложи на газење и обесветување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.