Креативноста на битолчани е надалеку позната!
Градот на конзулите сега си доби плажа и тоа на Широк сокак, па битолчани ќе можат да уживаат на септемвриското сонце и во својот град.
Дали со овој потег се најавува #Бојкот на грчките плажи и излетнички места, ќе дознаеме за некој продолжен викенд според редиците на граничниот премин “Меџитлија”.
Засега ќе кажеме само секоја чест за досетливоста и креативната идеја!