Прилепскиот ресторан „Кристал Палас“ вчера попладне беше домаќин на големиот бизнис настан организиран од Еуролинк осигурување. Повеќе од стотина сопственици и менаџери на мали и микро компании од Прилеп имаа можност да се запознаат со предностите на Бизнис комплет пакетот на Еуролинк како и да разменат искуства и знаења.
Бизнис комплет пакетот нуди целосно осигурување за малите бизниси кои имаат деловни и продажни објекти, како колонијални продавници, мини маркети, аптеки, парфимерии, козметички салони и други.
‘‘Длабоко веруваме дека нашата поддршка им е повеќе од потребна на малите бизниси за да можат целосно да се фокусираат кон понатамошен раст и развој. Ги покануваме сите заинтересирани да ни се придружат на некој од наредните настани од Бизнис Комплет караванот.“ – рече Марија Томеска, претседател на управниот одбор на Еуролинк осигурување.
Вчерашниот настан беше вториот од серијата настани од Бизнис Комплет караванот, кој во текот на март и април ќе продолжи и во другите градови низ Македонија, и тоа: Струмица, Битола и Штип.
Еуролинк останува посветен во развивање на нови и иновативни решенија за осигурување на бизнисите.