Има ли полиција, инпектори, служби, или сведочиме на тотален колапс – распад на систем во Македонија? Со огнено оружје среде урбана средина во Прилеп, завчера, 05.02. се застрелани и убиени 6 кучиња кои се нашле на патот на монструм кој плански им пресудил, шетал наоружан за да убива – пишуваат на социјалните мрежи од Здружението за заштита на животни “Анима Мунди”.
Фејсбук објавата од ова Здружение за заштита на животните во целост ја објавуваме во продолжение:
Пристигнати ни се податоци од граѓани кој на овој начин го загуби својот миленик. Ова на сликата е Шарче, ѕверски убиен! Читајте што има да каже сопственикот! Со крв е обележана траекторијата на прилепските улици, населба Варош, улиците Гога Јанкулоски, Гога Димитриоски и Благоја Шукуровски. И како да ништо вонстандардно не се случило, Комуналец Прилеп уредно си поминале и ги собрале застреланите тела на животните, кои живи, кои на издишување и ги фрлиле во градската депонија кај село Алинци. Ниту крим полиција, ниту било каква пријава било каде. Доказите таму некаде на депонија, дело нема.
МВР, АХВ, општина Прилеп, министри, директори, градоначалици, ИТНО да излезете на улица и видите што се случува додека , какви ѕверства се премолчуваат и туркаат под тепих. До наредните стрелби, кога на овој или ваквите психопатот можеби ќе им засмета човек.
Да имавме систем, одговорни функционери и држава, психопатите ќе беа препознаени, лоцирани, ставени зад решетки и ќе се превенираа убиства во иднина. Но не, утре е нов ден и не се знае што се не чека и кој ќе биде идната жртва! Итно казна за директотот на ЈП Комуналец Прилеп за непостапување иако службите биле сведоци на жртви на тешко кривично дело! Сите што удобно седите во фотеља – граѓаните ве плаќаат за да работите согласно закон, го чувате редот нивната безбедност пред и над се. Ќе мрдневте ли со прст ова да се случува во вашето маало, да се пука во средина каде живеат вашите најблиски!? Полиција во Прилеп, веднаш!