Денеска се навршуваат 2 и пол години од промената на локалната власт во Прилеп и стапувањето на функција на градоначалникот од СДСМ, Илија Јованоски.
Јованоски на 15 октомври 2017 година победи во првиот изборен круг и го победи Марјан Ристески од ВМРО-ДПМНЕ кој три мандати беше прв човек на општината.
Локалната самоуправа Јованоски ја презеде со ветувањата за: 20% ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА ВОДА, ЦЕЛОСНА ГАСИФИКАЦИЈА НА ПРИЛЕП, ИЗГРАДБА НА ЗДРАВСТВЕНСПОРТСКО-РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР СО ПОКРИЕН БАЗЕН „МАКЕДОНИЈА”, ИЗГРАДБА НА ДВЕ НОВИ ГРАДИНКИ, ЕДНА ВО ГРАД ПРИЛЕП,А ДРУГА ВО Н.М. КАНАТЛАРЦИ, ИЗГРАДБА НА ДВЕ ОБИКОЛНИЦИ ОКОЛУ ПРИЛЕП, РЕНОВИРАЊЕ НА СОКОЛАНАТА, РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СТАРАТА ГРАДСКА ЧАРШИЈА, ИЗГРАДБА НА НОВ ТЕАТАР, ИЗГРАДБА НА СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР КАЈ ВЕШТАЧКОТО ЕЗЕРО, ИЗГРДБА НА 2 СПОРТСКИ УЧИЛИШНИ САЛИ, ГАСИФИКАЦИЈА НА УЧИЛИШТАТА И ГРАДИНКИТЕ, ЧИСТ ВОЗДУХ И ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА И.Т.Н.
Во продолжение во потточки ќе ја презентираме тогашната предизборна програма на Јованоски и СДСМ за Прилеп, а граѓаните најдобро знаат што е реализирано, а што не.
1. Намалување на сметките за вода за 20%
Ова беше едно од главните ветувања на актуелниот градоначалник кое се испостави дека е најголема лага. Сметките за вода се зголемија за околу 60%, поради додавањето на ставката за прочистување на отпадни води и зголемувањето на ставката одведување на урбани отпадни води.
Со овие нови цени, за потрошени 15 метри кубни вода во месецот, сметката за вода изнесува 800 денари, за потрошени 25 метри кубни, прилепчани плаќаат 1345 денари, а за 30 кубни метри 1607 денари месечно.
2. Целосна гасификација на Прилеп
Од гасификацијата на Прилеп досега е формирано само Јавно претпријатие за гасификација, гасоводот кој го започна претходната Влада е стигнат до Прилеп, но досега ништо не е направено во однос на секундарната и терциерната гасоводна мрежа.
3. Изградба на две обиколници околу Прилеп
Јованоски ветуваше изградба на патен правец што ќе го поврзува вештачкото езеро и патниот правец Прилеп-Градско, како и обиколница на патниот правец Прилеп-Македонски Брод со патниот правец Прилеп – Старо Лагово (раскрсница со Битола).
Досега овие два проекти не се започнати.
4.Изградба на здравствено-рекреативен центар со покриен базен “Македонија”
Градоначалникот вети и изградба на здравствен спортско-рекреативен центар со покриен базен во спортската сала “Македонија”. Mинатата година Јованоски истакна дека проектот нема да се реализира на првичната локација, туку дека ќе се гради во населбата “Точила”. Засега сеуште нема ниту проект, ниту започнување на работите.
Еве како на почетокот беше предвиден проектот:
5. Изградба на две нови градинки
Во предизворната програма вети нова градинка во градот и во населеното место Канатларци. Градинката предвидено е да се гради во населбата “Toчила”, но како и затворениот базен сеуште не е започната. Во однос на проширувањето на капацитетите на градинките, оваа локална власт успеа да ја доврши градинката во ООУ “Рампо Левката”, која беше започната од претходната локална власт.
6. Изградба на нов театар
Проектот за нова зграда на театарот “Војдан Чернодрински” е долго ветување од сите власти досега, но оваа власт го презентираше како сигурна работа. Предвидено беше новата театарска зграда да се направи во еден дел од домот за култура “Марко Цепенков”, но освен “цртеж” за тоа како би изгледал, досега ништо друго не е направено на тој план.
7. Реконструкција на Старата градска чаршија
Во февруари градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, заедно со претставници на ЈП за ПУП и ЈКП „Водовод и канализација“, одржа неформална средба со сопствениците и закупците на дуќани во Старата чаршија и презентираа проект со кој се предвидува постојните травертински плочи да бидат заменети со гранитни плочи, сите жици и кабли од кабловските оператори да бидат сместени во подземни инсталации, фекалната канализација да биде комплетно реконструирана, а според проектот ќе се изградела и нова атмосферска канализација.
Јованоски тогаш истакна дека во зависност од временските услови, комплетната реконструкција ќе заврши за 75 до 90 дена.
8. Изградба на спортско рекреативен центар кај вештачкото езеро
Ветувањето во предизборната програма предвидуваше: зона за кампување, мал рибник, традиционален ресторан, мотел до 10 соби, терени за јавање, велосипедизам, трчање и пешачење, платформа за безбедно пливање, развој на веслачкиот спорт, скијање на вода, спортски терени за тенис, одбојка, кошарка и сл.).
На почетокот на октомври минатата година, во Општина Прилеп беше организирана јавна презентација на Планот за управување со животната средина и социјалните аспекти, за потпроектот „Прилепско езеро – Нови авантури, нови можности“. Тогаш беше презентиран списокот на активности и интервенции кои се предвидени со проектот, со посебен осврт на мерките од списокот за проверка на Планот за управување со животната средина и социјалните аспекти. Притоа, проект менаџерот на овој потпроект, Борче Јанкулоски истакна дека тој е изработен врз основа на Националната правна рамка и Политиката за заштита на животната средина и социјална политика на Светска банка.
“Во проектот е планирано да се изведат пет поединечни потпроекти: изведба на целосно осветлена велосипедска патека од потегот ‘Маркова чешма’ до с.Присад во должина од 7,3 километри и ширина од три метри, со простор за паркинг на велосипеди, уредување на пристапна улица со паркинг простор од некогашниот мотел на вештачкото езеро. Оттаму
продолжува рекреативно-излетничката зона, како дел од проектот за уредување на мултимедијален простор за изведување на културни и забавни манифестации, концерти и место за дружење на посетителите, со три тераси, шест летниковци и урбана опрема. Исто така, планирано е да се изградат две асфалтни спортски игралишта за кошарка, пинг-понг и за одбојка, пешачка патека во должина од 750 метри, а ќе бидат поставени и клупи и канделабри. Имплементацијата на проектот има за цел да ја зголеми пристапноста на ова подрачје како зона за активен туризам и да го врати некогашниот сјај на езерото“, изјави тогаш Јанкулоски.
Рокот за изведување на градежните работи на проектот беше предвиден на шест месеци.
Пред започнувањето на кризата со коронавирусот сеуште немаше никакви активности.
9. Изградба на спортска сала во ООУ “Кире Гаврилоски”
Проектот сеуште не е започнат.
10. Чист воздух и здрава животна средина
Откако општината намести мерна станица на општинската зграда, беше забележано колку загаден воздух дишат прилепчани во зимскиот период. Концентрацијата на ПМ-10 честички во воздухот изнесуваше и по 200, 300, па и 400, 500 и повеќе микрограми на метар кубен.
Погледнете колку е загаден воздухот во Прилеп вечерва: Чернобил ќе ни позавиди на бројкиве?
Што друго ветуваше градоначалникот во предизборната програма погледнете во продолжение:
Oпштината преку Јавното претпријатие за простороно и урбанистичко планирање набави 4 автобуси на метан за потребите на јавниот градски превоз за сума од близу 1 милион евра, или по 250.000 евра за автобус.
Токму сумата и намањето на меѓународен тендер беа спорни и причина за реакции од опозицијата, а автобусите често пати се расипуваат.
На трибина во октомври минатата година Јованоски истакна дека општината асфалтирала 24 километри улици во градот.
Во населбата “Сточен пазар” oпштината започна со реализација на нов мост со првична вредност од 500.000 евра, а опозицијата минатата недела информираше дека цената ќе скокне за дополнителни над 200.000 евра.
Целата предизборна програма на СДСМ која го носеше називот “Живот во Прилеп за сите”, можете да ја погледнете на следниот линк: Programa-Prilep-WEB