“Алфа ТВ”: Судски небулози – Јане Ченто и натаму во притвор, а внатрешна контрола докажа дека полицаецот лажел и не проверил дали е дома?!

Одбраната се надева дека новите докази ќе бидат земени предвид од страна на судот, и дека на Јане Ченто ќе му биде одредена поблага мерка, оти се докажало дека обвинетиот немал намера да бега – објави “Алфа ТВ”

Полициски службеник дал лажни податоци за местоположбата на Јане Ченто, еден од осомничените за настаните во Собранието на 27 април 2017 година, поради што од својот дом е пренесен во затворот во Шутка, вели неговата адвокатка Валентина Тодоровска.

Според неа, дека Јане Ченто не го напуштил својот дом за време на куќниот притвор, потврдиле и од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди.

Одбраната се надева дека новите докази ќе бидат земени предвид од страна на судот, и дека на Јане Ченто ќе му биде одредена поблага мерка, оти се докажало дека обвинетиот немал намера да бега, , дознаваат од “Алфа”.

Целиот текст прочитајте го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.