Активистите објавија! Хоророт бил уште поголем! Човекот кој бојадисуваше куче во центарот на Прилеп истото го правел и на други кучиња дома?! (ФОТО)

На 29 август во 19,00 часот во Полициска станица Прилеп лице од Прилеп пријавило дека околу 16,30 часот непознато машко лице малтретира животно на градскиот плоштад во Прилеп.

Истиот истурил црвена боја врз куче и започнал да го влече за едната нога. По пријавување на настанот изезено е на местото на настанот каде што е извршен увид.

По преземени мерки полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп од слобода го лишиле М.М.(56) од Прилеп.

Со лицето е извршен разговор, по целосно документирање на случајот против истиот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “мачење животни” казниво по член 233 од Кривичниот законик на РМ. – стои во полицискиот билтен на МВР.

Но, случката која ги згрози прилепчани, се чини не завршува тука.

Активистите за заштита на животните на социјалните мрежи објавија нови шокантни фотографии, за кои тврдат дека се од домот на човекот што бојадисуваше куче на плоштадот во Прилеп.

“Ова се дел од слики на малтретирани, украдени кучиња кај истиот човек кој го малтретираше денес куче во центарот на Прилеп по не знам кој пат. Лесито беше ослободено и вратено кај сопствениците а белото за жал не го најдовме. Хармонични слики зар не?!?? Кој не би посакал да живее во вакво општество”, напишаа активистите на Фејсбук групата “Помош на животните Прилеп”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.