Веб страната на Агенцијата за вработување деновиве врие од огласи за вработување во повеќе компании, а отворени се и повеќе работни места во јавните институции.
Се бара најразличен кадар, од инженери и наставници до продавачи и работници во производство.
Друштво за производство услуги и трговија КРИН КГ – ДОО – увоз-извоз Прилеп има потреба од 5 рударски инженери.
Надоместокот за основна плата изнесува 18.000 денари, а огласот е активен до 18.04.2018 година.
Голем број работни места отворени се и во компанијата ДЕ-НИ мебел. Се бараат монтери на мебел, бравари, возач на комби, кројачи на материјали за тапацирање, ракувачи со шивачка машина за текстил и работници на едноставни дрвопреработувачки работи.
Основната плата изнесува 12.000 денари, а огласите се активни до 18.04.2018 година.
Отворени се нови огласи за вработување и во основното општинско училиште “Страшо Пинџур” во Мало Коњари.
Потребен е еден одделенски наставник и еден професор по англиски јазик.
И овие огласи се активни до 18.04.2018, а надоместокот за плата изнесува 20.657 денари.
Огласи за вработување се отворени и во основното општинско училиште “Добре Јованоски”, каде се бараат одделенски наставник, благајник и економ, а во ЈОУДГ “Наша иднина” се бараат негователки, воспитувачи на деца, садомијач, хигиеничар и чувар.
Oтворени повеќе работни места во ООУ “Добре Јованоски” и детски градинки “Наша иднина” во Прилеп