До нашата редакција стаса допис од лица вработени во ЈОУГД “Наша иднина”-Прилеп на кои според дописот им биле нарушени правата од Законот за работни односи на Р. Македонија.
Имено вработените во оваа установа, биле ангажирани на работа со договор на определено време до 31.12.2017 година и на таков начин се стекнале со работен стаж од повеќе од две години во оваа установа.
Имаќи потреба од ваков кадар, Министерката на труд и социјала Мила Царовска, доставила предмет известување на 29.12.2017 кое што гласи: СОГЛАСНО ПОТРЕБАТА НА ОВАА УСТАНОВА ДА СЕ ПРОДОЛЖАТ ПРЕДХОДНО ДАДЕНИТЕ СОГЛАСНОСТИ ОД 2017 ГОД, се вели во дописот.
Тогашната директорка од страна на градоначалникот Илија Јованоски, Благица Филипоска, која што како што стои во дописот не ги исполнувала условите за директор на оваа установа, објавила НЕЛЕГАЛЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА 04.01.2018 и не ја испочитувала наредбата од министерката за продолжување на постоечките согласности?!
Додека траел огласот директорка Благица Филипоска дава отказ, а за директор е поставен книговодителот на оваа установа сега в.д директорот Орце Тодороски.
Против лицето Благица Филипоска за овој престап е поднесена кривична пријава, се додава во дописот.
- “Од 01.03.2018 е почнат со работа нов кадар во сите објекти на ЈОУГД “Наша Иднина”, кој е почнат со работа без објавен оглас за вработување, без договор на било која основа-освен усен од страна на директорот Орде Тодороски кој им ветил на овие вработени дека на следниот оглас кој oд вчера е излезен во весникот “Нова Мкедонија” и Агенцијата за вработување, истите лица ќе добијаат вработување на неопределено време во градинката.
Дали овој исказ е вистинит ќе се докаже по завршувањето на огласот на кој ќе видеме дали истите лица кои што сега одат незаконски на работа (нивните имиња не ги објавуваме заради заштита на овие податоци), ќе бидат примени на овој оглас”, се вели во дописот испратен до нас.
Вработените доставиле и пријава до Трудов инспекторат и до Санитарен инспекторат-Битола затоа што истите биле вработени спотивно Законот за заштита на децата и Законот за работни односи и немале соодветна документација за исполнување на санитарните услови за работа со деца.
Доставена била и претставка до Народниот Правобранител на Р.М, кој го разгледал нивното барање и ветил дека ќе ги штити нивните права во овој случај. Овие вработени бараат одговор од претседателот на СОНК Златко Думбалоски и претставникот на СОНК на градинката Снежана Анастасоска да одговорат зошто нивните колешки од Штип, Скопје, а сега и Велес, како што велат, им е решен работниот статус од страна на Локалната самоуправа.
- “Дали гласот на СОНК не се слуша во нашиот град? Зошто редовно плаќавме членарина на СОНК кога немаат право на глас во нашиот град? Зарем нашиот градоначалник Илија Јованоски и директорот Орде Тодороски имаат посебни привилегии што не ја почитуваат министерката Царовска, а истовремено ги кршат и нашите работни права? Зошто постојано си ја префрлаат вината едни на други? Бараме веднаш да престанат овие нечовечки однесувања на раководството на нашата општина и да се почитуваат законите и правилата на Р.М, во спротивно има повисоки надлежни служби во Р.М кои што сигурно ќе сакаат да слушнат за овој наш случај”, се вели на крајот од дописот.