ФОТО: Поплава на местото каде што Шилегов сечеше црвена лента за фитнес зона

Пред две недели градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов од СДСМ сечеше црвена лента за отворање на фитнес зона на Кејот на Вардар.

Денес на тоа место, реквизитите едвај се гледаат и не се во никаква функција за граѓаните.

Вардар се излеа и направи поплава на Кејот кај „Жабарот“.

Фотографиите кои до редакцијата на КУРИР ги испратија читатели  говорат дека градоначалникот треба прво да се зафати со суштинските проблеми, а дури потоа да се слика до реквизити во фитнес зона.

Извор: Курир




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.