Мажот кој попладнево паднал во провалија од мостот кај браната Младост е извлечен на безбедно од страна на полициските „Тигри“ и припадници на велешката противпожарна единица.
Докторката која му пружила прва помош вели дека истиот е во контактибилна состојба, со скршеници на нозете и засега без видливи повреди на горниот дел од телото.
Според нашите информации, повредениот со хеликоптер на МВР, ќе биде пренесен во Ургентниот центар во Скопје на понатамошно лекување. Неофицијално, се работи за 40 годишниот велешанец Т.Д.