Во повеќе од 15 градови низ светот, како и во Скопје денес се одржаа низа на семакедонски протести на кои главното барање беше напуштање на преговорите за името, како и повлекување на законот за двојазичност, договорот со Бугарија и ослободување на патриотите кои според демонстрантите се неправедно и политички мотивирани притворени.
Почнувајќи од Сиднеј, преку Перт, Мелбурн и Бризбејн до Вашингтон и Лондон, дијаспората побара итна оставка на Зоран Заев како предводник на преговорите за името, а во Австралија дијаспората ги прогласи за непожелни личности Заев, Шеќеринска и Димитров.
Таму, дури ја запалија и неговата фотографија.
Фотографија на Заев на која пишува „Предавник“ и „Зло“ беше искината и изгазена од демонстрантите во холандски Хаг денес, откако дијаспората со истите барања излезе на протест.
Во Скопје денес се собраа преку 35.000 граѓани во одбрана на Уставното име.
Извор: “Инфомакс”