ФАНАТИЗАМ БЕЗ ГРАНИЦИ: Навивач го тетовираше дресот на омилениот клуб по телото (ФОТО+ВИДЕО)

Фанатичниот навивач на бразилски Фламенго се одлучи на во најмала рака необичен начин да ја обележи љубовта кон својот клуб. Човекот го тетовираше дресот на својот клуб по горниот дел од телото.

Понекогаш љубовта помеѓу навивачот и клубот нема граница, а тоа го покажа еден навивач на Фламенго. Маурицио Дос Ањос е голем навивач на Фламенго, а својата љубов кон клубот одлучи да обележи на необичен начин.

Имено, Дос Ањос го тетовираше дресот на саканиот клуб од двете страни на горниот дел на телото. Изработката на тетоважата траела скоро една година, во која Бразилецот одел на 32 термина и на вкупно 90 часа работа.

 

Откако објави фотографија на Инстаграм, дел од корисниците го сметаат за навивач кој го сака својот клуб, додека дел го сметаат за лудак. Но, изработката на тевожата дури и му се исплатела. На Маурицио му се исполнила желбата да го запознае легендарниот Зико, кој го пофалил неговиот гест и му поклонил потпишан дрес. Истата работа ја направил и Андраде кој во Фламенго поминал дури 14 години.

Parabéns @flasaochico pelo seus nove anos. Foi uma honra poder conhecer nosso campeão brasileiro de 2009 @andrade.camisa06 ?⚫?⚫?? e rever nosso grande idolo @rondinellideusdaraca @rondinelli1524 #issoaquiéflamengo Apoiadores no Instagram ⤵ @flamengo122anos @flaboutique @anjinhodoflamengo @nrnmetropolitano @_flausa @espacorubronegro @tattoocitioficial @flamengoarte @flamengoforte @matts_1981 @rrn_oficial @paparazzorn @fla_r.a.p @colunadoflamengo @flamengo @fla_naticos @carabao.sul @coutogeferson_fla @magatattoo @mengao_news  @josecaricaturas @rndestacruz  @verdadevermelhoepreto @adidasbrasil @carabaoenergybrasil @timbrasil @mrvengenharia @jeepdobrasil @guaravitaoficial  @carabaobr @18kflamengo  @urubuzadasc  @rrn_oficial @ubz_sp @lima_claudionor @nativuscare

A post shared by José Mauricio dos anjos (@mauricio.flamengo) on




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.