Милошеска Сефанија и Јованоски Зоран беа на двонеделна практична настава и учење во Брага-Португалија, а Кристијан Талимџиоски и Христијан Стојаноски пак на Сицилија- Италија.
Пред своите соученици од прва, втора и трета година од земјоделско-ветеринарната струка тие одговараа на нивните прашања во врска со храната, смесувањето, тежината на изведување практична работа во поинакви услови.Учениците укажаа на потребата од познавање на англискиот јазик и високата оцена по пракса како важен услов за апликација за овие типови проекти.Дел од учениците добија отворена понуда за работа во фармите во кои беа распоредени за изведување на праксата.
Тие го изразија своето задоволство од можноста да патуваат со авион на големи дестинации ,да се дружат со своите врсници од Европа,да вкусат храна автентична за тие региони и пред се искуството со практичното учење во одличните ветеринарни амбуланти,хортикултурни центри како и фарми со разни земјоделски дејности.
Исто така од страна на носителот на овој проект,професорката Јагуриноскa Ружица,беше изразена благодарност до координаторот на проектот Фондацијата Агро Центар за Едукација од Скопје што го овозможија ова искуство за нашето училиште како и за 4 други училишта од Македонија.