Томислав има 23 години, а заробен е во тело на дете (ФОТО/ВИДЕО)

tomislav-2

23-годишниот Томислав со „заразна„ насмевка е заробен во тело на дете.

Причината е неговата хипофиза, жлезда која е задолжена да управува со работата на повеќе жлезди за раст во телото.

Шок и неверување – така низ смеа вели Томислав дека реагираат продавачите во киоск кога бара да купи цигари или келнерите во ресторани кога нарачува пиво.

-Додека другите луѓе имаат семејство и се грижат за деца и својот брачен живот, јас тогаш ќе бидам како тинејџер вели Томислав.

Тој има двајца пријатели кои на почетокот не му верувале колку години има, но сега се веќе навикнати и го гледаат како врсник.

-Кога сме излезени и пиеме алкохол сите не гледаат зачудено- вели неговиот пријател, сигурно се прашуваат зошто му даваме алкохол на дете.

Томислав е свесен за тоа во каква ситуација е, но како што вели веќе е навикнат на тоа. Кога не сакаат да ми дадат цигари или алкохол само им ја подавам мојата лична карта се насмевнувам и тогаш без проблем си добивам што сакам – вели Томи.

Томислав е вработен како техничар во приватна фирма, но негова најголема страст е глумата, а изгледот му ја донесе улогата во мегапопуларната серија „Игра на престолот„

Погледнете како Томислав изгледа:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.